Повисоки цени на доматите
Цената на доматите на пазарите на големо во месец мај 2012 бележи зголемување во однос на истиот период од минатата година. На пазарите на големо доматите се продават по просечна цена од 71.00 денари/кг, во споредба со 2011 година кога цената беше 61.25 денари/кг.
Од регионот:
Во Р. Србија на пазарите на големо просечната цена за кгр. домати изнесува 90 ден, додека минатата година во истиот период цената изнесуваше 64 денари/кг.
Во Р .Хрватска ,исто така, цената на големо на доматите изнесува 100 ден.кг, додека во истиот период минатата година таа изнесуваше 70 ден./кг.
Од изнесените податоци може да се констатира дека цените на доматите, како на домашниот така и на пазарите во регионот оваа година се повисоки за 15 до 20% во споредба со истиот период од минатата година.