Откуп на Велигденско јагне 2013 година
Согласно барањатата на пазарите за јагнешко месо откупувачите и кланиците го планираат и организираат откупот на јагниња за секоја сезона во текот на годината а особен пазарен акцент се става за велигденските празници. Јагнињата кои се откупуваат пред велигденските празници првенствено се наменети за извоз. Откупната цената на јагнињата се формира според пазарните принципи и зависи првенствено од побарувачката на јагнешко месо пред и за време на велигденските празници. Најбарани се јагнињата со жива мера од 15 до 19 кг.
Во ``Велигденската сезона`` при откуп на јагнето за килограм жива мера се постигнати следните цени согласно класите на откупувачите и тоа: за прва класа од 145 до 170 денари; за втора класа од 135 до 150 денари и за трета класа од 130 до 140 денари.
Во прилог е споредбената табела со откупните цени на јагнињата во периодот за Божиќните и Велигденските празници (2012/2013).
Откупни цени на божиќно/велигденско јагне 2012 - 2013 година |
||
|
2012 година Божиќ |
2013 година Велигден |
Прва класа |
од 180 до 185 ден/кг |
од 145 до 170 ден/кг |
Втора класа |
од 170 до 175 ден/кг |
од 135 до 150 ден/кг |
Трета класа |
од 160 до 165 ден/кг |
од 130 до 140 ден/кг |