Цени на житарки

berza На глобално ниво годинава условите за развој на пченката се поволни. Рекордни приноси  очекува Кина,  додека САД  очекуваат повисоко производство заради зголемените површини кои ќе ги компензираат нешто помалите приноси  на пченка од просечните. Жетвата во Бразил е при крај и таму се очекуваат добри приноси. Во ЕУ приносот е релативно добар.

Во соседна Србија жетвата на пченката се уште не е завршена но според сегашната состојба се очекува род од околу 5,7 милиони тони, што би било поголем принос за 62,2 % од минатата година. Квалитетот е добар а појава на афлатоксин не е забележана.

Поради недостатокот на влага во почвата сеидбата на пченицата кај нас и во соседството доцни.

Во Србија не е засеана ниту половина од површините кои лани беа засеани со пченица. Причина за тоа покрај временските прилики, треба да се бара и во ниската откупна цена на пченицата.

Цената на пченицата и пченката во регионот и на светските берзи има тенденција на раст.

Цена на житарки во регионот и светските берзи

Берза

Период

Пченица

Пченка

Јачмен

Србија  (Нови Сад)

  21-25 октомври

9.8 ден /кг

7,9 ден /кг

/

Чикаго

(futures) декември-2013

11.4 ден /кг

7.8 ден /кг

/

Будимпешта

октомври 2013

10 ден /кг

9,2 ден /кг

/

Париз (Euronext)

октомври 2013

12,7 ден /кг

11 ден /кг

12,3 ден /кг

Хрватска

октомври

9,2 ден /кг

7,3 ден /кг

/

Велика Британија (LIFFE)

(futures) ноември 2013

12 ден /кг

/

/

         

*Цените се изразени во денари за килограм