Производство, откуп и откупни цени на млеко по години

mleko otkupПросечно производство на кравско млеко во анализираниот 4 годишен период изнесува околу  354.000 тони годишно,

Просечниот откуп на кравско млеко во анализираниот 4 годишен период изнесувал околу 125.000 тони или околу 35% од просечното годишно производство,

Откупот на кравско млеко во 2012 година е зголемен за 11,3% во споредба со 2011 година,

Просечните откупни цени на кравското млеко во анализираниот период покажуваат тренд на пораст во просек од околу 17% на годишно ниво, или просечните откупни цени на кравското млеко во 2013 година се повисоки за 3,82 ден/кг или за околу 24% во споредба со 2010 година.

Табела 1. Производство,откуп и откупни цени на кравско млеко по години

 

 

Рб.

Година

Производство на кравско млеко (тони)

 Откуп на кравско млеко (тони)

Просечни откупни цени (ден/кг)

1

2009

342,622

116,034

/

2

2010

347,103

155,876

15.86

3

2011

376,290

108,433

17.48

4

2012

349,769

120,727

18.66

5

2013

   

19.68

Извор: ДЗС, АХВ, МЗШВ ЗПИС

 

Просечно производство на овчко млеко во анализираниот 4 годишен период изнесува околу  33.000 тони годишно,

 

Просечниот откуп на овчко млеко во анализираниот 4 годишен период изнесувал околу 7.630 тони или околу 23% од просечното годишно производство,

 

Производството на овчко млеко во 2012 година е зголемено за 52% во споредба со 2011 година,

 

Просечните откупни цени на овчкото млеко се повисоки за 2,60 ден/кг или за околу 8,4% во споредба со 2012 година.

Табела 2 Производство,откуп и откупни цени на овчко млеко по години

 

Рб.

Година

Производство на овчко млеко (тони)

 Откуп на овчко млеко (тони)

Просечни откупни цени (ден/кг)

1

2009

32,934

6,101

/

2

2010

35,157

8,744

28.73

3

2011

25,381

8,560

31.78

4

2012

38,616

7,115

31.05

5

2013

   

33.65

Извор: ДЗС, АХВ, МЗШВ ЗПИС

 

Просечно производство на козјо млеко во анализираниот 4 годишен период изнесува околу  16.218 тони годишно,

 

Просечниот откуп на козјо млеко во анализираниот 4 годишен период изнесувал околу 1711.5 тони или околу 10,5 % од просечното годишно производство,

 

Производството на козјо млеко во 2012 година е намалено за 4,6% во споредба со 2011 година,

 

Просечните откупни цени на козјото млеко се пониски за 0,83 ден/кг или за околу 4,4% во споредба со 2012 година.

Табела 3 Производство,откуп и откупни цени на козјо млеко по години

 

Рб.

Година

Производство на козјо млеко (тони)

 Откуп на козјо млеко (тони)

Просечни откупни цени (ден/кг)

1

2009

19,386

1,795

/

2

2010

15,074

2,198

12.00

3

2011

15,565

1,862

12.57

4

2012

14,848

991

18.85

5

2013

   

18.02