Откуп на јагне за велигденските празници

jagne 2014Согласно се по пребирливите барања на потрошувачите на јагнешко месо, трговците и кланиците го организираат откупот на јагниња за секоја специфична  сезона во текот на годината, при што акцент се става за велигденските празници. Јагнињата кои се откупуваат пред празниците првенствено се наменети за извоз. Откупната цена на јагнињата се формира според пазарните принципи и зависи согласно од побарувачката на јагнешко месо пред и за време на велигденските празници. Најбарани се јагнињата со жива мера од 14 до 20 кг.

Пред ``Велигденската шпиц сезона`` во текот на откупот на живите јагниња, согласно класите кои ги формираат самите откупувачи,  постигнати се следните откупни цени, и тоа: за прва класа од 140 до 170 денари; за втора класа од 130 до 160 денари и за трета класа од 120 до 150 денари. До сега се откупени околу двеста илјади јагниња.

Во прилог е споредбената табела со откупните цени на јагнињата во периодот за Божиќните и Велигденските празници (2012/2014).

 *цените се изразени во денари за килограм жива мера

  

Откупни цени на божиќно/велигденско  јагне          2012 - 2014 година

Класа

2012-Божиќ

2013-Велигден

2014-Велигден

I

 180 - 185

 145 - 170

 140 - 170

II

 170 - 175

 135 - 150

 130 - 160

III

 160 - 165

 130 - 140

 120 - 150