Цени на сезонски зеленчук

 povrceВо  првата половина на месец мај  е зголемена  понудата од сезонски зеленчук на пазарите на мало во Р. Македонија.  Доминантна улога завзема пролетната зелката која за разлика од минатата година бележи намалување на цената за 21.4 проценти. Намалување на цената од 23 проценти има  кај младиот компир, кај зелената салата од 21,6 проценти, морковот 18 проценти, додека кај доматите имаме незначителен пад на цената од 3 проценти . Кај останатите зеленчуци бележиме зголемување на цените споредбено со минатата година.  Најголемо зголемување има кај благиот пипер од 16 проценти, краставиците од 12 проценти, спанаќот од 9 проценти како и кај грашокот кај кого имаме зголемување на цената за 5,5 проценти.

 Во табелата 1 , се прикажани просечните најзастапени цени за првата половина од месец мај 2013-2014 како  и стапката на пораст и опаѓање изразена во  проценти.

Во табелата 2 прикажани се  просечните цените на зелените пазари во регионот.

*цените се изразени во денари за килограм

 Табела 1 

Вид на зеленчук

Просечна цена- прва половина  на мај 2013

Просечна цена- прва половина  на мај 2014

Стапка на пораст / опаѓање  (%)

Зелка-пролетна

22.4

17.6

- 21.4 %

Спанаќ

33.5

36.5

+ 9 %

Домати

66

64

-3 %

Кромид-млад (парче)

3.3

2

-39.4 %

Пиперки-благи

80.1

93

+16 %

Компир-млад

48.1

37

- 23.1 %

Грашок

41.7

44

+5.5%

Зелена салата

17.1

13.4

- 21.6 %

Краставици

28.8

32.3

+12.2%

Боранија

125

100

- 20 %

Морков

52.4

43

- 17.9 %

Табела 2 

Вид на зеленчук

Србија

Хрватска

Ц.Гора

Зелка-пролетна

26,5

47

30,8

Спанаќ

42,5

110

123

Домати

80

134

92,3

Пиперки-благи

186

215

125

Компир-млад

42

71

61,5

Зелена салата

21,2

/

/

Краставици

64

103

80