Цени на сезонско овошје
Изминатата недела беше карактеристична со понуди на богат избор од сезонско овошје на зелените пазари. Најзастапени беа праските , кајсиите и нектарините. Цената на нектарините се движеше од 30 до 60 (просечна 51,5) ден/кгр. и беше нешто пониска за разлика од истиот период лани кога се продаваа во просек по 56,7 ден/кгр, што е намалување за 9,2 %. Најзастапената просечна цена на праските на зелените пазарите изнесуваше 35,4 ден/кгр. и ,исто така, бележи намалување од 9% во споредба со лани, додека кајсиите се продаваа по цена од 75 ден/кгр. што споредено со истиот период лани е зголемување за 19 % и истите се продаваа по цена од 63 денари за килограм.
На зелените пазари се повеќе се зголемува и понудата на лубеници и дињи. Цената на лубениците се движи од 25 до 50 ден/кгр. (во просек 40 ден/кгр.). Лани на пазарите на мало лубеницата се продаваше за 29,2 ден/кгр., што е зголемување за 37 %. Зголемување од 11,7 % бележиме и кај дињите. Лани истата се продаваше за 57,3 денари во просек, додека оваа година достигна цена од 64 ден/кгр.
Во табелата 1. е приказ на споредбени цени на сезонско овошје за втората половина на месец јуни во Р. Македонија и регионот, додека во графиконот 1. се прикажани споредбени цени за втората половна на месец јуни 2013 / 2014 година .
Табела 1: Цени на сезонско овошје -Р.Македонија и регион
Цени на зелени пазари ( втора половина на јуни) |
|||||
Праски |
Дињи |
Лубеници |
Кајсии |
Нектарини |
|
Македонија |
35.4 |
64 |
40 |
75 |
51.5 |
Србија |
52.8 |
/ |
/ |
80 |
53 |
Црна Гора |
77 |
92 |
50 |
93 |
123 |
Хрватска |
128 |
93.5 |
70 |
150 |
145 |
*цените се изразени во денари за килограм
Графикон 1: