Актуелни цени на берзите на житарките

berzaИзминатата недела се карактеризираше со стабилни цени на пченицата. Мали осцилации и пад од 0,57% беше забележана на берзата во Будимпешта каде цената на пченицата достигна 150,47 евра за тон.

На берзата во Нови Сад цената на пченицата се нуди за 17,28 динари за килограм или изразена во денари ( 9,12 ден/кгр).

За разлика од пченицата, кај пченката се забележува пад на цената во просек од 1,5% до 3,75%. Падот е најизразен на берзата во Париз од 3,75 %, каде пченката се нуди за 154 евра за тон, и на берзата во Будимпешта каде се нуди за 126,08 евра за тон, додека во Нови сад пченката се нуди по цена од 7,9 ден/кгр.

Во табелата се дадени цени на пченицата и  пченката на светските берзи.

 

Берза

Период

Пченица

Пченка

Србија  (Нови Сад)

1 август

9.12

7.9

Париз (EURONEXT)

6 август

10.747

9.47

Чикаго - CME

6 август

9.33

6.45

Минеаполис-MGEX

6 август

10.14

6.1

Канзас - KCBT

6 август

10.86

/

Будимпешта - BSE

6 август

9.253

7.753

Франфурт

26 јули

10.27

/

Хрватска

1 август

9.24

8.84

Хамбург

futures септември 2014

11.4

/

Велика Британија (LIFFE)

futures ноември 2014

9.77

/

Македонија

јули

10.74

/

*цените се изразени во денари за килограм