10 години ,,Денови на македонскиот мед’’

10 god medПочнувајќи од денеска, 25 септември до 27 септември на Улица Македонија  ќе се одржи јубилејната десетта по ред манифестација  “Денови на македонскиот мед”. На манифестацијата присуствуваат голем број на одгледувачи на пчели и производители на пчелни производи од сите региони на државата. Понудата на разни видови на  мед, и други пчелни производи е богата и посетителите имаат можност истите да ги дегустираат и купат. Цената на тегла мед изнесува 300 ден./кгр, додека медот во саќе се продава  по цена од 350 ден./кгр. Цената за килограм полен изнесува 1.500 денари, а може да се купи и во помали пакувања. Восокот се продава од 450 до 500 ден/кгр., прополисот за 2.500 до 3.000 ден/кгр. а еден грам матичен млеч чини 200 денари. Сите пчелни производи  се одликуваат  со одличен квалитет и  претставуваат ризница на витамини, ензими, хормони, органски киселини, белковини, јаглени хидрати и ферменти, етерични масла, со еден збор, збир на лековити и хранливи состојки.

*Изработи: ЗПИС