Јаболки

jabolki vo ovostarnikОдгледувањето на јаболки доминира во овоштарското производство во Р. Македонија.

Во последните години забележлив е трендот на зголемување  на бројот на родни дрвца, од 4.049.000 во 2012 год. на 4.384.971 во  2013. Просечниот принос по родно дрво во 2013 изнесуваше околу 26 кг/стебло, што претставува намалување за околу 11% во споредба со 2012 година (29 кг/стебло).

Во 2013 година произведени се 112.929 т. на јаболки или 13,5 % помалку во споредба со 2012 год. кога беа произведени 128.159 т., односно 3 кгр. по стебло помалку, што е резултат на неповолните агроклиматски услови за производство во 2013 година.

Извозот од 73.000 тони во 2013 година претставува намалување од околу 11% во споредба со 2012 год (82.000тони), со просечната извозна цена од околу 10.20 ден. Најголем извоз на јаболки, односно 21.244 тони е остварен во Србија  со просечна извозна цена од 10,8 ден/кг.

Втор извозен пазар во 2013 претставува бугарскиот со извоз од околу 18.874 тони или околу 26% од вкупниот извоз, но со доста ниска просечна извозна цена од околу 8,6 ден/кг. 

Други земји каде е извезено македонското јаболко се Косово со околу 10.335 тони или 14% од вкупниот извоз, БиХ со 9.163 тони или 12,3 %, Ирак со околу 5.204 тони или 11%, и БиХ со околу 6.700 тони или 8,2 % од вкупниот извоз.

Според статистичките податоци, домашната потрошувачка на јаболка по жител изнесува 12 кг. или вкупната домашна потрошувачка на јаболки се проценува на околу 24.748 тони што е околу 20% од домашното производство, додека за индустриска преработка се откупуваат околу 21.500 тони.                       

Во светот најголем производител на јаболки е Кина со околу 37 милиони тони, следува САД од околу 4,1 мил. тони и Индија со 2,2 мил.тони. Најголем европски производител на јаболки е Турција со околу 2,7 милиони тони, потоа Полска од околу 2,5 милиони тони, Италија со околу 2,4 милиони тони, Франција со 1,9 милиони тони и Русија со 1,2 милиони тони.

Во регионот поголеми производители на јаболки се ; Србија со околу 265.000 тони и Грција со околу 255.000 тони, додека Хрватска произведува околу 113.000 тони, Словенија 105.000 тони, БиХ 75.000 тони, Албанија 56.000 тони и Бугарија со производство од околу 40,000 тони.  Согласно статистичките податоци на ФАО во 2012 година Русија е најголем увозник на јаболки со количина од околу 1,3 милиони тони.

 Со околу 1 милион тони, Кина е најголем извозник во светот, следува Италија со околу 976.000 тони, потоа САД со околу 840.000 тони, Франција 730.000 тони и Полска со околу 530.000 тони.

 Годинава цените на пазарите на мало, споредбено со истиот период лани, бележат зголемување. Така на пр. сортата Јонаголд од 31,7 ден/кгр. лани, годинава се продава по цена од 35 ден/кгр. или има пораст од  10,5%, додека  Златен Делишес од  30,5 ден/кгр. лани, годинава се продава по 38 ден/кгр. или за  25% поскапо.

Во табелата се дадени просечни цени на јаболка за втората половина на септември 2014 година од пазарите на мало и големо кај нас и во регионот.

jabolki 2014

*Цените се изразени во денари за килограм

*Изработи;МЗШВ, Сектор за анализа на земјоделска политика