Цена на житарки во oктомври

pcenica berziВо првата недела од Oктомври на берзата во Нови Сад забележан е зголемен промет на житарките што е  карактеристично за овој период од годината. Најтргуван производ е пченката од реколтата 2014 година, која споредено со минатите недели бележи пад од скоро 12 % од  7,6 ден/кг. на 6,7 ден/кг без ДДВ. Цената на пченицата достигна 9,5 ден/кг. без ДДВ.

На европските и светските берзи вредноста на пченката иако е под влијание на рекордната жетва, цената на истата има тенденција на благо зголемување.

Во табелата 1. се дадени споредбени цени на пченицата од берзите:

цените се изразени во денари за килограм

Берза

Период

Пченица

Пченка

Србија  (Нови Сад)

8-Октомври 2014

9.5

6.7

Париз (EURONEXT)

futures ноември 2014

9.85

8.65

Чикаго - CME

futures декември

9.1

6.6

Минеаполис-MGEX

futures декември

9.7

5.8

Канзас - KCBT

futures ноември 2014

10.4

/

Будимпешта - BSE

futures ноември 2014

9.94

7.24

Франфурт

2-октомври

8.9 до 9.3

8.1 до 8.27

Хрватска

1-октомври

10.1

8.45

Хамбург

30 септември

10.25

/

Велика Британија (LIFFE)

futures ноември 2014

8.84

/

Македонија

Септември

10.79

/

 

 

 

 

 

 

*Изработи:ЗПИС