Цени на сезонско овошје

esen ovosjeВо првата половина на месец ноември, зелените пазари во Р. Македонија нудат изобилство од сезонско овошје. Доминира понудата на сите сорти на јаболки, јапонски јаболка, крушки, калинки како и јаткастите плодови. Споредено со истиот период лани, освен незначително намалување на цената на јаболките од сортата Грени Смит од 0,4 %, кај сите други сорти на јаболки има зголемување на цените кое се движи од 0,4 до 12 %. Позначајно зголемување, и тоа од 46 % има кај лешниците, кај бадемите 14,8 %, оревите 9,6 % а кај костените скоро 6 %.

Во табелата 1, прикажани се просечните најзастапени цени на некои видови овошја за првата половина од месец ноември споредбено 2013-2014, како и стапката на пораст и опаѓање изразена во проценти.

*цените се изразени во денари за килограм

Табела 1

Вид на овошје

Просечна цена- прва половина  на ноември 2013

Просечна цена- прва половина  на ноември 2014

Стапка на пораст / опаѓање  (%)

Јаболка-Ајдаред

28,09

28,18

+0,4 %

Златен Делишес

27,83

31,16

+ 12 %

Муцу

30,45

32,4

+6,4 %

Црвен Делишес

28,5

31,9

+ 11,9 %

Грени Смит

33,13

33

- 0,4 %

Јапонско јаболко

27,45

29,63

+7,9 %

Калинки

37,83

43,4

+ 14,7 %

Крушки

58,67

67,4

+14,9%

Бадеми

575

660

+ 14,8 %

Костени

73,44

77,8

+5,9%

Лешници

536,3

783,3

+ 46,1 %

Ореви

477,8

523,5

+ 9,6 %

Во табелата 2 прикажани се  просечните цени на некои видови овошја на зелените пазари во регионот.

Tабела 2

 

Вид на овошје

Србија

Хрватска

Ц.Гора

Калинка

51,2

/

68,3

Крушка

61,5

104,4

90,4

Ореви

512

/

632,8

Јаболки-Ајдаред

30,7

49,6

55,4

Златен Делишес

25,6

55,6

55,9

Грени Смит

35,8

59,7

58,5