Цена на житарки на светските берзи

berza Наглиот пораст на цената на пченицата го одбележа крајот на 2014 година. Во почетокот на 2015 година тој тренд не продолжи и во првата половина на јануари цената се стабилизира. Најавата за воведување на комбиниран данок на извоз на пченица (извозни такси) од страна на Руската Федерација во периодот од 1 февруари до 30 јуни 2015 година предизвика вознемиреност на светските берзи на пченица и нов пораст на цената.

Сепак достапноста на количини на пченица од други извори се покажаа задоволителни за побарувачката,  со  што изминатата недела следеше пад на цената на пченицата на берзите во регионот.

Спротивно на пченицата кај пченката бележиме пораст кој е во потполна корелација со случувањата на светските и регионални берзи.

Во табелата се дадени споредбени цени од берзите:

 

Берза

Период

Пченица

Пченка

Србија  (Нови Сад)

25 февруари 2015

10.6

7.73

Париз (EURONEXT)

futures-март 2015

11.28

9.1

Чикаго - CME

futures-март 2015

9.88

7.99

Минеаполис-MGEX

futures-март 2015

9.75

7.56

Канзас - KCBT

futures-март 2015

10.48

/

Будимпешта - BSE

futures-март 2015

11.11

8.04

Франфурт

19 февруари

10.7 - 11.12

9.97

Хрватска

23 февруари

10

7.23

Велика Британија (LIFFE)

futures-март 2015

9.725

/

Македонија

јануари 2015

10

8

  

* Цените се изразени во денари за килограм