Пазарни цени пред Велигден

veligden Наближуваат Велигденските празници, а со тоа започнуваат и подготовките. На зелените пазари има голема раздвиженост на купувачи а богата е и понудата со сите видови зеленчук и овошје. Трговците  се задоволни од прометот и се надеваат на уште поголема побарувачка со наближувањето на празникот. Најголема побарувачка се забележува за раните зеленчуци како: зелената салата, млад лук и кромид, краставици и спанаќ. Раздвижено е и во месарниците каде традицинално се бара јагнешко месо чија цена во моментот се движи од 330 до 360 денари за килограм, но трговците очекуваат таа да расте во наредните денови.

Во табелата се дадени цени на одредени производи во градовите низ Републикава.

*цените се изразени во денари

ceni veligden