Резултати од откупот на суров тутун реколта 2014 година

tutun2-548x272Согласно податоците на Министерството, откупот на суров тутун од производна реколта 2014 година е завршен. Откупени се вкупно 24.857,54 тони суров тутун од страна на 9 регистрирани откупувачи, со просечна откупна цена од 117,2 ден./кг.

 

 

 Графикон 1. Откупени количини на суров тутун по години ( 2007 - 2014)

tutun 2014 Извор: МЗШВ

 

Од вкупно откупените 24.857,54 тони на суров тутун од реколта 2014 година,  84,3 % или 20.964,65 тони се од  типот ,,Прилепсо просечна откупна цена од 119,65 ден./кг, од типот  ,,Јака’’ откупени се 3.745,7 тони или 15,1 % со просечна откупна цена од 100,88 ден./кг , додека 147,2 тони или 0,6 % се откупени од тип ,,Басмак  чија  просечна откупна цена достигна 183,79 ден /кг.

 Табела 1.  Откуп на суров тутун по типови

 Извор: МЗШВ

 

Тип на тутун

Реализиран откуп (тони)

Просечна откупна цена

(ден/кг)

Јака

3.745,7

100,88

Прилеп

20.964,65

119,65

Басмак

147,2

183,79