Повисоки цени на зеленчукот

zelencuk 2015Последица на дождот и поплавите се повисоки цени кај зеленчукот  на зелените пазари, кои во споредба со истиот период лани бележат зголемување  од  99% кај зелената салата до 2,8% кај краставицата. Драстичен пораст на цената од 75% има и кај пролетната зелка која оваа недела во просек се продава по 38 ден./кг, за разлика од истиот период лани кога цената во просек изнаесуваше 22 ден./кг. Намалување на цената од 19,8% има единствено кај стариот компир.

* Во табелата се дадени споредбени цени како и тренд на пораст и опаѓање изразен во проценти, за зеленчук на пазарите на мало за период- 17 недела 2014 година - 17 недела 2015 година. 

Зеленчук на пазарите на мало

17 недела 2014 год.

17 недела 2015 год.

Стапка на пораст/ опаѓање

Пипер-благ

126.5

153

20.9%

Домат

90.7

108.1

19.2%

Зелена салата

13.8

27.5

99.3%

Зелка - пролетна

22

38.3

74.1%

Компир

27.6

22.14

-19.80%

Компир-млад

45

67.5

50 %

Краставица

52.8

54.3

2.8%

Лук -млад парче

3.1

3.2

3.2%

Морков

40.9

55

34.5%

Спанаќ

30.3

40

32%

Кромид- млад-парче

3.1

2.96

-4.50%

*цените зе изразени во денари

На пазарот на големо (кванташкиот пазар во Скопје) цените на зеленчукот во моментов се следни: благиот пипер се продава во просек по 120-130 ден./кг, доматот 90-100 ден./кг, пролетна зелка од 30-33 ден./кг, гравот од увоз 90-100 ден./кг, домашниот грав 135-140 ден./кг, зелената салата 10-15 ден./парче, младиот компир 45-55 ден./кг, краставицата 35-40 ден./кг, морковот 40-45 ден./кг и спанаќот од 20 до 25 ден./кг.