Цени на трпезно и винско грозје

belo grozjeОткупот на винските сорти на грозје е во полн ек. Оваа година грозјето е квалитетно и здраво со висока количина на шеќерни единици, што се должи на сончевите денови во јули и август како и слабата количина на врнежи, па поради тоа производителите и откупувачите на грозје очекуваат квалитетни и врвни вина. Понудата и побарувачката, како и шеќерните единици, се главните фактори во одредувањето на откупната цената на грозјето.

Откупните цени  во првата половина на септември кај поединечни сорти на винско грозје е следна:

Бургундец (црн) се откупува по13 ден/кг, Вранец  13 ден/кг, Мерло 14 ден/кгр., Ризлинг Рајнски од 12 до 14 ден/кг, Смедеревка од 11 ден/кг, Темјаника од 22 до 24 ден/кг.,и Шардоне од 14 до 18 ден/кг или во просек по 15,5 ден/кг.

На зелените пазари  цените на трпезното грозје се движат од 30 до 40 ден/кг или во просек по 37 ден/кг за црно грозје и од 25 до 50 ден/кг за бело грозје. На пазарите на големо цената е од 20 до 25 ден/кг.