Пад на цените на јаткасто овошје

lesnikКарактеристично за оваа недела на зелените пазари е драстичниот пад на цената на лешникот кој минатата недела достигна малопродажна цена од 1200 ден/кг, додека оваа недела тој се продава од 700 до 1000 ден/кг или во просек по 900 ден/кг што е за 25% пониско споредбено со изминатата недела. Кај бадемот бележиме цена во просек по 770 ден/кг додека оревот се нуди од 600 до 800 ден/кг или во просек по 750 ден/кг. На пазарот на големо (кванташкиот пазар) во Скопје, оревот се продаваше по 550 ден/кг, бадемот од 700 до 750 ден/кг а лешникот од 650 до 700 ден/кг. Предвидувањата се дека цената на јаткастото овошје и натаму ќе се намалува.

Важно е да се напомене дека зелените пазари изобилуваат со богата понуда на јаболка кај кои бербата е во пол ек. Цените на одредени сорти на јаболка се прикажани во табелата.

Во табелата 1, споредбено се прикажани - просечните најзастапени цени од пазарите на мало во Македонија и регионот за периодот од 26 септември до 02 октомври 2015 година

Табела 1 

Вид на овошје

Македонија

Србија

Хрватска

Ц. Гора

Орев

750

665

/

714,5

Орев во лушпа

170

/

/

154

Лешник

900

820

/

   1036

Бадем

770

/

/

925,4

Ајдаред

30

31

59

61,9

Црвен Делишес

33,4

41

53,5

55,5

Грени Смит

35

38,5

68

63

Златен Делишес

32,5

36

63

60

Јонаголд

27,5

36

58,5

49,4

*цените се изразени во денари за килограм

Димовски Горан-Советник за ЗПИС

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство