Сезонски зеленчук и овошје на пазарите на мало

povrce Подготовките на зимници е на самиот крај, меѓутоа понудата и снабденоста на зелените  пазари е на завидно ниво. Доминира понудата на сите сорти на јаболки кои оваа година се со одличен квалитет, и кај кои цената споредена со лани бележи намалување во просек од 6 до 8 % . Споредено со истиот период лани, освен незначително зголемување на цената на јаболките од сортата Грени Смит од (1 %), кај сите други сорти на јаболки има намалување на цените : сортата- Ајдаред се продава по 27,5 ден/кг што е пад на цената за (8%) споредено со лани кога достигна цена од 30 ден/кг, Златниот Делишес има пад на цената од (7 %), а Црвениот Делишес е поевтин за (6 %) во просек споредбено со истиот период лани. Исто така значајно намалување  и тоа од (19 %) има кај крушите и кај лимонот за 5,6 %.

Кај зеленчукот, пад на цената има кај доматите од (12 %), црвените пиперки од (14 %) зелката од (13 %), и гравот од (6,6%),  карфиолот од (9,1 %).

Во табела 1 се прикажани цените на зеленчукот за втората  половина на месец октомври 2015 година на зелените пазари во Македонија и во  регионот.

Табела 1: Цени на зеленчук и  овошје на зелените пазари

Земјоделски производи

Македонија

Србија

Хрватска

Црна Гора

Моркови

38

30,6

39

64

Карфиол

35

30,5

54

79

Црвени пиперки

28,4

/

/

71

Корнишони

36,3

/

/

75

Феферони

39

/

53

60

Зелка

15,6

15,3

23,6

24,7

Цвекло

32,6

30

/

57

Домати

38,6

51,1

72

62

Кромид

28

25,5

32,5

60

Грав

142

179

203

173

Јаболка-Ајдаред

27,5

30,5

33,7

60

Златен Делишес

29,4

30,5

35,8

58

Јаболка-Муцу

30,7

30,5

35,6

49

Црвен Делишес

30,6

/

/

53,7

Грени Смит

32

31

46,4

60

Јапонско јаболко

36

/

/

66

Калинки

42,4

102

/

58

Крушки

56,6

52

67,5

80

Бадеми

766

/

/

925

Костени

71

/

/

123

Лешници

762

665

/

863

Ореви

550

410

/

592

Лимони

67

76

103,3

109

*цените се изразени во ден/кгр.