Пониски цени на сезонски зеленчук

gfggВо  втората половина на месец март, зголемена е понудата  од сезонски зеленчук на пазарите на мало во Р. Македонија.  Доминантна улога завзема пролетната зелка која за разлика од минатата година бележи намалување на цената за 17,4 проценти. Намалување на цената е забележано кај скоро сите видови на зеленчук, што се должи на поволните временски услови за раноградинарските култури оваа година, додека зголемување на цената имаме само кај пиперот и тоа за незначителни 0,6 проценти. Пад на цената од 12проценти има  кај младиот компир, кај зелената салата од 13,6  проценти, морковот 24 проценти, кај доматите  пад на цената од 25,6 проценти, краставиците од 39,5 проценти, додека кај спанаќот  намалувањето е за 41,6 проценти.

Во табелата 1, се прикажани просечните најзастапени  цени за втората половина од месец март 2015 - 2016 како  и стапката на пораст и опаѓање изразена во  проценти.

Табела 1

Вид на зеленчук

Просечна цена- втора половина  на март 2015

Просечна цена- втора половина  на март 2016

Стапка на пораст / опаѓање  (%)

Зелка-пролетна

57.5

47.5

-17.4%

Спанаќ

51.9

30.29

-41.6%

Домати

106

78.9

-25.6%

Кромид млад (парче)

4.4

2.9

-34.1%

Пиперки-благи

143

143.9

+0.6%

Компир-млад

90

79.2

-12.0%

Лук млад (парче)

4

4

0.0%

Зелена салата (парче)

19.9

17.2

-13.6%

Краставици

114.2

69.1

-39.5%

Морков

50

38

-24.0%

*цените се изразени во денари за килограм

Во табелата 2, прикажани се  просечните продажни цени на зелените пазари во регионот.

Табела 2

Вид на зеленчук

Србија

Хрватска

Ц.Гора

Зелка

40,1

51,2

36,9

Спанаќ

40

144

77,5

Домати

90,3

133,4

102,2

Пиперки-благи

200,6

188

190,7

Морков

25,1

73,6

61

Компир-

25

78

32

Зелена салата

15,1

53

83,6

Краставици

100,3

150,5

97,7

*цените се изразени во денари за килограм