Цена на житарки берзи ЕУ-мај 2016

pcenka-3На берзата во Нови Сад, пченката и сојата во изминатата недела достигнаа нов ценовен пик за економската 2015/2016 година, додека цената на пченицата се стабилизира на ниво на кое беше на самиот почеток на годината, што во овој момент претставува и реален и стабилен пазарен баланс меѓу понудата и побарувачката. Забележливо е дека во изминатиот период цената на пченката е повисока од цената на пченицата што се должи на најновиот извештај на Американското министерство за земјоделство за проценките на приносот во светот , што влијаеше на скоро сите светски  а посебно европски берзи да ја зголемат цената на пченката.

Цена на житарки берзи 13 мај 2016

Берза

Период

Пченица

Пченка

Србија  (Нови Сад)

13 маj 2016

8,7

8,9

Чикаго

futures-јули 2016

9,4

8,29

Минеаполис-MGEX

futures- јули 2016

7,64

7,55

Будимпешта

futures-јуни 2016

8,47

9,55

Париз (Euronext)

futures-септември 2016

10,1

10,19

Франфурт

мај 2016

8,98 - 9,1

9,84 – 10,1

Хрватска

мај 2016

8,84

8,42

Велика Британија (LIFFE)

мај 2016

8,16

 /

* Цените се изразени во денари за килограм

Просечни откупни цени во ЕУ и Македонија мај 2016

Пченица

Цена-евро/тон

Цена -ден/кг

*Белгија

155.00

9.53

*Бугарија

125.27

7.70

*Чешка

139.35

8.57

*Германија

160.00

9.84

*Шпанија

161.99

9.96

*Франција

147.87

9.09

*Хрватска

130.84

8.05

*Италија

169.00

10.39

*Летонија

149.96

9.22

*Австрија

147.50

9.07

*Полска

147.34

9.06

*Романија

134.42

8.27

*Словенија

160.68

9.88

*Словачка

142.63

8.77

*Финска

137.00

8.43

**Македонија

162.00

10.00

Цената на пченицата за секоја земја претставува просек од цените на различни места на откупување

*Извор:Управен комитет за житни култури, (Европска Комисија),

** Извор ЗПИС

Изработил :Горан Димовски –Советник во ЗПИС

***Препишување, копирање,  дистрибуција и размена на податоците без одобрување на ЗПИС, претставува повреда на авторските права и се казнува со закон!