Цени на земјоделски производи (прва половина на мај) - Македонија и регион

jagoda golemoВо  првата половина на месец мај, зелените пазари во Р. Македонија нудат  изобилство од сезонско овошје и зеленчук. Од овошјето доминираат јаготките, црешите како и кајсиите и праските, кои оваа година заради топлото време  порано се појавија на пазарите за разлика од минатите години. Споредено со истиот период лани, бележиме пониски цени кај портокалите, црешите и јагодите, а повисоки цени имаме кај лимоните и бананите.

Кај зеленчукот важно е да се спомне дека цените се пониски  кај скоро сите видови на зеленчук, освен кај лукот, споредено со истиот период минатата година.

Во табелите во прилог  прикажани се просечните најзастапени цени на некои видови овошја и зеленчук  за првата половина на месец мај споредбено 2015-2016, процентуалната  стапка на пораст и опаѓање, како и преглед на цените во регионот.

Табела 1 

Вид на овошје

Просечна цена- Мај 2015

Просечна цена- Мај 2016

Стапка на пораст / опаѓање  (%)

Јагоди

85

82.7

- 2.7 %

Цреши

102

84.2

- 17.5 %

Кајсии

/

121.5

/

Праски

/

102.5

/

Јаболка-Ајдаред

28.3

23

- 18.7 %

Банани

57.3

64.1

+11.9 %

Лимони

75

100

+ 33.3 %

Портокали

56.1

37.9

- 32.4 %

*цените се изразени во денари за килограм

Табела 2

Вид на Зеленчук

Просечна цена- Мај 2015

Просечна цена- Мај 2016

Стапка на пораст/ опаѓање

Домати

74.5

57.3

- 23.1 %

Краставици

39

33.3

- 14.6 %

Зелка

28.9

18

- 37.7 %

Компири

35.5

33.5

- 5.6 %

Кромид

29.2

27.8

- 4.8 %

Морков

52

37.9

- 27 %

Лук

190.4

212.5

+ 11.6 %

Грашок

54.3

35.1

- 35.4 %

Салата

18.7

15.6

- 16.6 %

Ориз

78.9

71.9

- 8.9 %

Грав

150

133.9

- 10.7 %

Пипер-благ

99.2

70.6

- 28.8 %

*цените се изразени во денари за килограм

Табела 3 

Овошје и зеленчук

Србија

Хрватска

Ц.Гора

Банани

75.3

95.7

78.7

Портокали

60.3

89.4

66.4

Јагоди

100.5

210.1

127.3

Јаболки-Ајдаред

30.2

53.7

44.3

Цреши

100

235.5

270.5

Лимони

125.5

136.7

113.1

Домати

75

132.8

80.5

Краставици

50.2

123.1

47.9

Зелка

20.1

51.5

26.5

Компири

60.3

75.5

45.5

Кромид

40.2

57.4

60

Морков

25.1

75.3

55.3

Лук

301

332.4

282.7

Пиперки

140.6

183.8

122

*цените се изразени во денари за килограм

**Препишување, копирање,  дистрибуција и размена на податоците без одобрување на ЗПИС, претставува повреда на авторските права и се казнува со закон!