Откуп на јагне за велигденските празници
Јагнињата кои се откупуваат пред празниците првенствено се наменети за извоз а според производителите и преработувачите, нашето јагне ги задоволува европските и светски стандарди. Месото е со одличен квалитет и истото е барано на странските пазари. Во предстојниот период, ``Велигденска шпиц сезона`` се очекува интезивирање на извозот на македонското јагне, кога традиционално од земјава се откупуваат и извезуваат најголемите количини јагнешко месо.
Откупната цена на јагнињата се формира според пазарните принципи и зависи воглавно од побарувачката на јагнешко месо пред и за време на велигденските празници. Најбарани се јагнињата со жива мера од 20 до 25 кг.
Во текот на откупот на живите јагниња, согласно класите кои ги формираат самите откупувачи, годинава се постигнати следните откупни цени: и тоа прва класа јагниња до 20 килограми жива мера- 120 денари за килограм; за втора класа од 20 до 25 килограми -110 денари и за трета класа од 25 до 27 килограми жива мера од 90 до 100 денари за килограм
Во прилог е табелата со откупните цени на јагнињата во периодот пред Велигденските празници (2017 година).
Откупни цени на велигденско јагне
|
|
Класа |
Откупна цена во денари за килограм |
I |
120 |
II |
110 |
III |
90– 100 |
*Извор:ЗПИС
Од почетокот на годинава до сега се откупени околу 16 илјади јагниња или 172 804 килограми јагнешко месо.
Најмногу извезени јагниња има на традиционалните пазари за нашето јагне:италијанскиот, хрватскиот, српскиот и грчкиот. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, најголем извоз до сега бележиме во Хрватска од 59 000 килограми како и во Италија со околу 57 000 килограми јагнешко месо.
Во табелата се дадени количините со извезено јагнешко месо од почетокот на годинава
Извезено јагнешко месо |
||
Држава |
Број на јагниња |
Извезена количина во кг |
Италија |
5 917 |
56 858 |
Хрватска |
5 887 |
58 916 |
Грција |
1 593 |
19 019 |
Црна Гора |
1 312 |
18 913 |
Србија |
1 248 |
17 554 |
Бугарија |
172 |
1 544 |
Вкупно |
16 129 |
172 804 |
*Извор:Агенција за храна и ветеринарство
**Изработил Горан Димовски - советник за ЗПИС