Анкета-Каде се снабдувате со овошје и зеленчук?

veligdenВо разговор со продавачите на зелените пазари дознаваме дека прометот на зелените  пазарите споредено со минатите години  е со намален интензитет.  Ова се должи на се поголемата понуда на овошје и зеленчук во поголемите трговски маркети кои полека го преземаат приматот на продажбата на земјоделските производи, како и на зачестената навика на потрошувачите да се снабдуваат со свежи земјоделски производи од истите.

Во маркетите најчесто пазарат помладите потрошувачи, додека постарите и натаму  практикуваат пазарење од зелените пазари. Причина за намалениот промет, според мислењето на продавачите е што вработените немаат доволно време да ги посетуваат пазарите и тезгите, ( во супермаркетите работното време е подолго како и  дека во маркетот освен зеленчук и овошје има други производи кои се потребни на купувачите-и тие се на едно место).

Поради овие причини, одделението за ЗПИС направи анкета на потрошувачите, за тоа каде се снабдуваат со земјодески производи, каде има поквалитетен избор на намирници, и  каде  е поевтино и побезбедно овошјето и зеленчукот.

На прашањето ,,Каде практикувате да се снабдите со зеленчук и овошје’’-

20 % одговорија дека подеднакво се снабдуваат со земјоделски производи и од маркетите и од пазарите

40% од анкетираните одговорија на зелените пазари додека,

40 % со овошје и зеленчук се снабдуваат во маркетите .

На прашањето ,,Зошто го избравте зелениот пазар’’

20% одговорија дека е поевтино

30% поквалитетни земјоделски производи

50% можноста на едно место да се снабдат со зеленчук и овошје.

На прашањето ,,Зошто го избравте маркетот’’

20% одговорија дека причина е работното време и неможноста да посетат зелен пазар

25% изборот го направиле поради можноста сами да си ги одберат земјоделските производи

55% поради можноста на едно место да се снабдат со сите потребни намирници.

На последното прашање  ,,Каде повеќе верувате во безбедноста на земјоделските производи’’

5% од анкетираните одговорија дека во исправноста и безбедноста на земјоделските производи повеќе веруваат на зелените пазари

40% во маркетите  додека,

55% не веруваат дека купуваат безбедни производи ниту во маркетите ниту на пазарите.

Изработил: Горан Димовски- Советник за ЗПИС

*Препишување, копирање,  дистрибуција и размена на податоците без одобрување на ЗПИС, претставува повреда на авторските права и се казнува со закон