Преглед на цената на јаболката во Македонија и регионот

img 0233Цената на јаболките  на пазарите на мало и големо вопрвата половина на  месец октомври бележи пораст во однос на истиот период  од лани. Пролетните мразеви а подоцна и градот кој го зафати најголемиот регион за производство на јаболки (Ресенско –Преспанскиот) го преполови родот што влијаеше на зголемување на цената на јаболкото.На пазарите на мало (зелените пазари)  сортата ,,Ајдаред ‘’ во просек се продаваше за 34 денари во споредба со лани кога цената  беше 26 денари, што претставува  зголемување за 32 %. Цената на Златниот Делишес   достигна  33,5 денари,  за разлика од лани кога цената изнесуваше 28 денари за килограм што е зголемување за 19%. Процентуално зголемување на цената од  45% има кај  ,, Црвениот Делишес ’’  кој се нудеше  по 40 денари за килограм за разлика од лани  кога цената изнесуваше 27,5 денари. Зголемување за 27,7% се забележува  кај сортата  ,, Муцо’’, чија  цена  на пазарите на мало е 35 денари , додека лани се продаваше за 27,4 денари за килограм. Во табелата 1 се дадени споредбените цени на сортите јаболка од пазарите на мало во Македонија и регионот.

Табела 1 - пазари на мало

Зелени пазари

Македонија

Србија

Црна Гора

Хрватска

Златен Делишес

33.5

46

62

59

Црвен Делишес

40

51

60.2

58

Јонаголд

40

41

61.4

61

Ајдаред

34.3

41

62.6

58,5

Муцо

35

42

61.5

/

*цените се изразени во денари за килограм

Од регионот, во  Србија на  пазарите на мало просечната  цена  за килограм ,,Ајдарет’’ изнесува  41 денари,  ,, Златниот Делишес ‘’46 денари , додека  цената за  ,, Црвен Делишес ‘’ изнесува 51 денари.  

Во Хрватска во првата половина на октомври просечната  цена  за килограм,,Ајдаред‘’  е  58,5 денари,  за ,,Златниот Делишес‘’ 59 денари  и ,,Црвениот Делишес‘’ се продаваше за 58 денари за килограм.

Откупните цени на јаболките за екстра класа во (Ресенско – Преспанскиот) регион  се движат од 20 до 25 денари за килограм за Црвениот и Златниот Делишес, Јонаголд се откупува по цена од 20-22 денари за килограм, Ајдаред од 15 до 20 денари додека Чаделот се откупува по цена од 20 денари за килограм. Откупната цена на килограм  индустриското јаболко се движи од 5-8 денари.

Во табелата 2 се дадени споредбените цени на јаболка од пазарите на големо-(кванташките пазари) во Македонија и регионот.

Табела 2- пазари на големо

Пазари на големо

Македонија

Србија

Црна Гора

Хрватска

Златен Делишес

31.5

36

41.15

43

Црвен Делишес

32

33

43

/

Јонаголд

30.5

28

/

39

Ајдаред

28

31

39.9

39,2

Муцо

34

34

42.9

/


*цените се изразени во денари за килограм