Откуп на суров тутун реколта 2011 година

tutunСо откуп на тутун реколта 2011 година договорено е со примарните производители со 8 регистрирани преработувачи-откупувачи на суров тутун. Овие  преработувачи-откупувачи се запишани во регистерот за откупувачи на тутун. За реколта 2011 година откупувачите имаат склучено вкупен број на договори со 33 234 производители на тутун со вкупна површина од околу 15 677Ха.

Согласно договорите за производство и откуп на суров тутун се регулирани роковите и цените на тутунот по типови и класи. Исто така согласно договорите, откупувачите се должни да обезбедат бесплатен семенски материјал, да обезбедат заштита на тутуновиот расад и на тутунот на нива од болести и штетници, начинот на авансирање и висината на авансот, кој не може да биде понизок од 15 % од просечната откупна цена постигната во предходната година, како и начинот и роковите на исплата на откупениот тутун.

Официјалниот откуп на суров тутун реколта 2011 година започна на 21 Ноември, а согласно Законот за тутун и тутунски производи, откупувачите се должни со откуп да започнат најдоцна до 15 Декември 2011 година.