Откуп на божиќно јагне 2011 година

jagne-bozic

Откуп на божиќно јагне 2011 година

Во регистерот за откупувачи на жив добиток во 2011 година регистрирани се вкупно 11 правни субјекти. Согласно плановите на овие субјекти се планираат да се откупат 424.000 грла јагниња до крајот на оваа и наредната година. Со оваа бројка се вклучени и јагнињата кои се откупуваат пред божиќните празници и првенствено се откупуваат за извоз. Цената на јагнето жива мера се формира според пазарните принципи и зависи првенствено од квалитетот и побарувачката на јагнешко месо пред новогодишните празници, бидејќи понудата на јагнешко месо има помало влијание на висината на цената.

Договори не се склучуваатсо примарните производители - одгледувачите на овци и кланиците,со тоа и немаподелба на пазарните ризици -помеѓу производителот, откупувачот -кланиците -извозниците.

Оваа сезона при откуп на јагнето за килограм жива мера се постигнати следните цени согласно класите и тоа: за прва класа од 200 до 210 денари; за втора класа од 190 до 200 денари и за  трета класа од 175 до 190 денари.