Преглед на цените на јаболката во Македонија и во регионот

img_0233

   Цената на јаболката на пазарите на големо и мало во месец февруари бележи пораст во однос на истиот период од лани. На пазарите на големо сортата „ајдаред“ се продаваше по цена од 20 денари за килограм во споредба со лани кога истата беше 19,5 денари, што претставува зголемување за 2,6 отсто. „Златниот делишес“, исто така, се продаваше за 20 денари, за разлика од лани кога цената изнесуваше 18 денари за килограм што е зголемување за 11,1 отсто. Процентуално зголемување на цената од 36,3 отсто има и кај „црвениот делишес“, кој во февруари се нудеше по 23,2 денари за килограм, за разлика од лани кога цената изнесуваше 17 денари.

На пазарите на мало, зголемување за 17,6 отсто бележи сортата „ајдаред“, чија цена во февруари беше 26,35 денари, додека минатата година се продаваше за 22,4 денари.

Од регионот, во Србија на пазарите на големо, просечната цена за килограм „ајдарет“ изнесуваше 22 денари, „златниот делишес“ чинеше 35,9 денари, додека цената за „црвен делишес“ се движеше околу 36 денари.

На пазарите на големо во Хрватска во месец февруари, просечната цена за килограм „ајдаред“ беше 37,7 денари, „златниот делишес“ се продаваше по цена од 44,1 денари, а „црвениот делишес“- 55,5 денари за килограм.