Откуп на божиќно јагне 2012 година

   jagne 2011-2012Периодов се карактеризира со интензивен откуп на јагниња кои традиционално се извезуваат на странските пазари претежно во Италија и Грција.

Според потребите на пазарите,  деловните субјекти – кланиците за божиќните празници откупуваат јагниња чија  жива мера се движи од 16 до 19 килограми. Оваа година карактеристично е што јагнињата со тежина над 20 килограми жива мера се помалку барани. Откупната цена на јагнињата се формира според пазарните принципи и зависи првенствено од побарувачката на јагнешко месо.

Движењето на откупните цени на јагнињата по класи, според информациите од деловните субјекти,споредено со минатата година во овој период има тенденција на намалување.    

Истото може да се  види од споредбената  табела:

Откупни цени на божиќно  јагне 2011 - 2012 година

 

2011 година 2012 година Разлика во %
Прва класа од 200 до 210ден/кг од 180 до 185ден/кг 11,1% - 13,5%
Втора класа од 190 до 200ден/кг од 170 до 175ден/кг 11,8% - 14,3%
Трета класа од 175 до 190ден/кг од 160 до 165ден/кг 9,4% -  15,2%